КУРЦ на удар! Против поранешниот премиер е поднесено обвинение, му се заканува затвор

Поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц е обвинет за лажно сведочење пред парламентот, соопшти денеска Обвинителството за економски криминал и корупција (VKStA).

КУРЦ на удар! Против поранешниот премиер е поднесено обвинение, му се заканува затвор

Курц и неговиот поранешен шеф на кабинет, Бернхард Бонели, „се обвинети за лажно сведочење пред таканаречениот истражен комитет „Ибица“ на австрискиот парламент… во врска со наводната корупција на нивната влада“, се вели во соопштението на обвинителството.

Неговото судење ќе започне на 18 октомври, а доколку биде прогласен за виновен, Курц се соочува со казна затвор од три години, соопшти судот во Виена.

Тој ја напушти функцијата кога против него беше покрената истрага поради сомневање за корупција
Конзервативниот политичар ја напушти функцијата во 2021 година, откако обвинителите почнаа да го испитуваат него и девет други под сомнение за злоупотреба на довербата, корупција и поткуп со различен степен на вмешаност.

Поранешниот лидер на екстремната десница Хајнц-Кристијан Штрахе, заменик-канцелар на Курц, поднесе оставка во 2019 година, откако на Ибица се појави видео на кое тој разговара со жена која се претставува како внука на руски олигарх и ја нуди нејзината политичка услуга во замена за партиски донации.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.