Кучињата можат да препознаат кои луѓе се лоши

Кучињата се исклучително интуитивни животни кои лесно ги препознаваат разликите во расположението на своите сопственици, но истражувањата потврдиле дека тие можат да препознаат и лоша личност.
Едно истражување покажало дека кучињата можат да проценат колку можат некому да му веруваат. Кучињата можат да ги прочитаат нашите гестови и изразите на лицето. Ако го доведувате во заблуда, нема да ви верува и да ве послуша. А доколку вашето куче не ги сака вашите пријатели, можеби тие не се искрени?
Кучињата имаат способност да препознаат кога некој лошо се однесува кон нивните сопственици и можат да се прилагодуваат на таквите ситуации. Знаеме дека луѓето се склони да ја занемаруваат својата интуиција и да им даваат шанса на некои поединци кои подоцна ги повредуваат.
Ако тоа ви е вообичаена грешка во животот, набавете си куче.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.