Кушадаси-турската престолнина на забавата

Турскиот крајбрежен град Кушадаси е место со прекрасни плажи, луксузни хотели и фантастични историски остатоци од претходните цивилизации. Гратчето од 50.000 жители во текот на летниот период е преплавено од повеќе од  1.000.000 туристи.

 Кушадаси има што да понуди на своите посетители. Тој се наоѓа 90 километри јужно од Измир и граничи со Герменчик, Соке и Селџук. Името на овој град честопати го преведуваат како “Остров на птици”.
Топлата гостопримливост. големиот избор на хотели, богатиот и забавен ноќен живот го прават Кушадаси една од најпосакуваните дестинации за одмор. Благата медитеранска клима, за време на летните месеци, Ви нуди можност за релаксиран одмор за време на големите летни горештини.

Кушадаси има преку 90 хотели регистрирани во Министерство за туризам, преку 300 хотели регистрирани во самата општина, 250 пансионски објекти, 3 туристички центри и 9 кампови.

Од многубројните плажи во Кушадаси, ако некогаш го посетите не ги заборавајте познатите плажи како : Ladies Beach, Kustur Beach, Pamucak Beach.. Исто така мора да го посетите градот Ефес, кој бил најголем град Римската Империја. Неговите рушевини денеска се навистина импресивни и се посетувани од илјадници туристи дневно. Во ѕидините на Ефес се наоѓа едно од седумте светски чуда на стариот свет, храмот на Ардемиди. Преку пат на Кушадаси е и островот Самос, погоден за убав еднодневен излет.Исто така морате да го посетите и храмот на Аполон во Делфи. Храмот се наоѓа јужно од Кушадаси,а своевремено бил најпрочуениот верски центар во античкото време.

На само 15 минути возење од центарот на градот мора да го посетите најблискиот воден парк Adaland, кој воедно е еден од најголемите во Европа. Едно од најважните факти зошто да го изберете Кушадаси е и одличниот ноќен живот. Стариот дел од радот е местото во кое има најинтересни места за забава. Во овој дел можат да се најдат многу ирски и турски барови.

„Jade beach club“ е комплекс во кој можат да се најдат многу барови, ресторани, тениски игралишта и дискотеки.  Тренди место е и клубот „Miracle“ кој има перфектна локација со поглед кон морето.
Изобилството на ресторани, кафетерии, дискотеки, продавници како и водените паркови во близината на градот, ви гарантираат незаборавен летен одмор.Турскиот крајбрежен град Кушадаси е место со прекрасни плажи, луксузни хотели и фантастични историски остатоци од прет

Пронајдете не на следниве мрежи: