Лавров: Блиcкиот Иcток е на pабот на голема pегионална воjна

Блискиот Исток е на работ на голема регионална војна, а Русија соработува со сите страни за да го спречи тоа, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Неспособноста на светската заедница да ги запре борбите во Појасот Газа и масовното страдање на неговото население доведе до нагло влошување на воено-политичката ситуација во целиот регион – од границите на Либан и Израел до Црвеното Море. “, рече Лавров на седницата на Стратешкиот дијалог Русија-Советот за соработка арапските земји од Персискиот залив.

Тој оцени дека, во исто време, конфликтот меѓу Израел и Либан достигна ново опасно ниво.
„Блискиот исток повторно е на работ на голема регионална војна. Наша заедничка одговорност е да го спречиме ова. Работиме на нормализирање на ситуацијата со сите страни“, рече шефот на руската дипломатија и додаде дека Блискиот Исток нема да може стабилно да се развива без да се реши палестинско-израелскиот проблем.

Лавров, кој вчера пристигна во Ријад, оствари средби со генералниот секретар на Советот за соработка на арапските држави од Персискиот залив, како и со министерот за надворешни работи на Саудиска Арабија, Фајсал бин Фархан.

Пронајдете не на следниве мрежи: