Лавров: Германија мора да одговори на сите прашања за експлозиите на Северен тек 1 и 2

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров денеска изјави дека Германија мора да одговори на сите прашања поврзани со експлозиите на Северен тек 1 и 2.

„Ќе инсистираме на транспарентна меѓународна истрага“, изјави Лавров за московскиот весник „Известија“.

Тој смета дека „срамно е Берлин премолчено да прифаќа дека земјата е лишена од долгорочна основа за економски и енергетски просперитет“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.