Рускиот министер за внатрешни работи Сергеј Лавров изјави во средата дека Москва и Вашингтон се на „иста бранова должина“ кога станува збор за кризата на Корејскиот полуостров.„Се согласуваме со САД по прашањето за Северна Кореја“, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров кој во британската престолнина Лондон се сретна со американскиот државен секретар Џон Кери на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од групата Г8.Меѓутоа, Лавров истакнал дека Русија се спротиставува на одржувањето воени маневри во регионот. „Никој не би смеел да ги заплашува другите со воени вежби. Постојат големи изгледи сѐ да се смири“, додал рускиот министер.Пјонгјанг последните седмици ја интензивираше својата воинствена реторика, гневно одговарајќи на новиот пакет санкции на Советот за безбедност при Обединетите нации по третата нуклеарна проба што Северна Кореја ја изврши кон почетокот на февруари и редовните заеднички воени вежби на Јужна Кореја и САД.Јужна Кореја којашто е стратешки сојузник во регионот на САД кој на нејзина територија има распоредено 28 илјади војници, во среда ја подигнаа борбената подготвеност на своите сили поради тоа што Северна Кореја со приближувањето на 15-ти април и годишнината на раѓањето на втемелувачот на оваа комунистичка земја Ким Ил-Сунг, наводно се подготвува да изведе едно или повеќе пробни лансирања на ракети.
МакфаксРускиот министер за внатрешни работи Сергеј Лавров изјави во средата дека Москва и Вашингтон се на „иста бранова