Лагард: Реизборот на Трамп за претседател на САД би претставувал „закана“ за Европа

Реизборот на Доналд Трамп за претседател на САД би претставувал „закана“ за Европа, изјави шефицата на Европската централна банка Кристин Лагард.

Максим Димитриевски се сретна со амбасадорот на Русија, договaраат рускиот да се изучува во кумановските училишта
Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и актуелен лидер на ЗНАМ, денеска во својот кабинет се сретнал со амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин. …
На 1 октомври нема летови од аеродромот во Брисел
На 1 октомври нема да има летови од аеродромот во Брисел, се вели во соопштението од аеродромот. Одлуката е донесена поради претстојниот штрајк …

-Ако учиме од историјата, при што мислам на начинот на кој тој (Трамп) ги водеше првите четири години од неговиот мандат, ова е очигледно закана, изјави Лагард за телевизијата Франс 2.

– Треба само да ги погледнете трговските тарифи, неговата посветеност на НАТО, неговиот став кон борбата против климатските промени“, нагласи Лагард.

На прашањето дали претседателството на Трамп може да ја остави Европа сама во поддршката на Украина против целосната инвазија на Русија, Лагард рече дека тоа е малку веројатно „бидејќи во американскиот Конгрес има голем број избрани членови кои се длабоко непријателски настроени кон ужасната војна на Русија против Украина и кои ќе продолжат да настојуваат за финансирање и поддршка на Украина“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.