Ладен и освежителен десерт: Домашен пудинг од банани

Пудингот од банани е идеален рецепт за летните денови кога не сакате да минувате многу време во кујната правејќи некои вкусни десерти, бидејќи за неговата подготовка потребни се само 15 минути.
Многу е освежителен, а можете да го збогатите со разни додатоци како што се мелени бисквити и шлаг.

Потребни состојки:
2 зрели банани
350 мл млеко
2 лажици густин
2 лажици мед
неколку капки екстрат од ванила
шлаг (опционално)
мелени бисквити (опционално)
парчиња банана (опционално)

Подготовка:
Во сад измешајте две лажици млеко со две лажици густин. Со виљушка изгмечете ги бананите и ставете ги во тенџере. Додадете им мед и преостанатото млеко. Варете на тивок оган непрестајно мешајќи.
Пред да почне да врие додадете ја смесата од млеко и густин. Нека вари додека не се згусне. На крајот додадете неколку капки екстрат од ванила.
Овој пудинг потребно е прво малку да се излади на собна температура, па потоа да се стави во садови за сервирање. Можете да додадете изматен или готов шлаг, како и мелени бисквити и парчиња (тркалца) банана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.