Лажна дојава за поставена бомба добил и кабелски оператор во Кратово


Претходно денеска од СВР Охрид информираа дека неколку деловни објекти во индустриската зона во Охрид, едно училиште, еден хотел и такси-компанија утринава добиле лажни дојави за поставени бомби

Освен на неколку локации во Охрид, дојава за поставена експлозивна направа денеска стигнала и до кабелски оператор во Кратово, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР). Случајот бил пријавен утринава во Секторот за внатрешни работи (СВР) Куманово од страна на вработена во операторот.

„Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки и извршена е проверка на локацијата, по што е констатирано дека се работи за лажна пријава“,

се наведува во соопштението на МВР.

Претходно денеска од СВР Охрид информираа дека неколку деловни објекти во индустриската зона во Охрид, едно училиште, еден хотел и такси-компанија утринава добиле лажни дојави за поставени бомби.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: