Според информациите кои ги пренесуваат германските медиуми, се вели дека агентот на полскиот интернационалец од редовите на бундеслигашот Борусија Дортмунд, Роберт Левандовски, изјави дека неговиот клиент ќе го напушти тимот во наредниот трансфер преоден рок.
Полскиот напаѓач не сакаше да го продолжи договорот со Борусија Дортмунд, тој му истекува во 2014-тата година.
Роберт Левандовски во еден момент беше на чекор до трансфер во екипата на Баерн Минхен, но во трката се вмеша и англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед, и самиот играч имаше желба да игра во силната Премиер Лига.
„Левандовски никаде не се задржа повеќе од две сезони, а во Дортмунд ова му е трета среќа. Секој кој знае да чита меѓу редови знае што значи сето тоа“ изјави Чезари Кучарски.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Според информациите кои ги пренесуваат германските медиуми, се вели дека агентот на полскиот интернационалец од редови