Левица: ИТНО да се спроведат истраги за сите инциденти и тие соодветно да бидат санкционирани!

Соопштение за јавност:

СО ГАЗЕЊЕ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ И СКАНДИРАЊЕ УЧК СЕ СЛАВЕШЕ „ДЕНОТ НА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ“

‼️Иредентизмот кои го стимулираат т.н. албански партии и ширењето омраза кон македонската држава ја доживеа својата кулминација! Освен блокираните улици со колони возила со развеани албански знамиња (меѓу кои и иредентистичкото на „Голема Албанија“), овие толпи „славеа“ со рафални истрели од огнено оружје, газење на македонското знаме и уништување на македонски симболи во некои основни училишта.

‼️Особено вознемирувачки за мнозинскиот македонски народ е фактот што се пееја песни со содржина дека Скопје е албански град, што претставува директна провокација и навреда за Македонците. Дополнително, министерството за внатрешни работи и Панче ТОШКОВСКИ, и покрај сето дивеење по скопските улици и улиците во другите градови каде се „славеше“, не презеде соодветни мерки за спречување и санкционирање на овие инциденти, што укажува на сериозен пропуст во заштитата на јавниот ред и мир.

Кога се работи за самоволието на албанската заедница, потсетуваме дека за време на 2 Август, еден од најголемите национални празници на Македонија, наместо да се организираат свечености за подигање на македонската свест, бевме сведоци како се игра шота пред Собрание на Македонија.

👉#Левица бара од надлежните органи ИТНО да спроведат истраги за сите инциденти и тие соодветно да бидат санкционирани. Потсетуваме дека со молчење кон понижувањата не се гради соживот, туку само се потпомага во остварување на крајната цел на иредентизмот на ДУИ и ВРЕДИ, а тоа е федерализација и распарчување на Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи: