Ледено кафе со чоколадо и сладолед, идеална комбинација за ниските зимски температури

Кој вели дека леденото кафе е наменето само за летните денови?
– 500 милилитри млеко
– 2-4 лажици инстант кафе во прав
– 20 милилитри млака вода
– 2 лажици шеќер
– 1 топче сладолед од ванила
– Чоколаден сируп


И може да започнете со подготовка: Kафето во прав се става во еден мал сад и се додава млаката вода, па се меша додека не се соединат. Во поголем сад се става млекото, па се додава кафето заедно со шеќерот. Потоа се меша сè додека не се добие хомогена смеса. На ѕидовите од внатрешноста на чашата ставете чоколаден сируп и потоа претурете го кафето во неа.
На крај се става топката сладолед.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.