Лекарите на КАРИЛ повеќе од еден месец правеа сѐ за да ја спасат 19-годишната девојка која почина денеска

На Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ, денеска почина уште една жртва од страшната сообраќајна несреќа, која се случи на 13-ти февруари на автопатот Скопје-Тетово, кај селото Ласкарци.


Станува збор за деветнаесетгодишната девојка, на која и беше ампутирана ногата. Лекарите на КАРИЛ повеќе од еден месец правеа сѐ за го спасат нејзиниот живот. Изразуваме длабоко сочувство до фамилијата, велат од Министерството за здравство.
Инаку, ова е 16. жртва на несреќата кај Ласкарци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.