Лекарите ја советувале да престане со операции, но зависничката не можела да одолее: Старлетата е цела во рани од затегнување на лицето, децата плачеле кога ја виделе

Британската старлета и ријалити ѕвезда, Кејти Приц, (41), не може да се помири со фактот дека старее.
Поради тоа е подложна на пластични операции, а неодамно испливале фотографии на кои Приц изгледа непрепознатливо. Старлетата моментално е во Турција, каде заминала поради затегнување на лицето.
Јавноста е во неверување откако се појавија фотографии со големи рани на лицето на Кејти, а неодамна нејзините пет деца, кои ги има од три различни брака, после последната операција почнале да плачат кога го виделе нејзиното лице во завои.


Иако докторите ја предупредиле дека треба да намали со пластичните операции, изгледа дека Кејти не се откажува. Дури и нејзиното момче, Крис Бојсон (30), се одлучил за операција на носот.
Кејти од 13 години се впуштила во манекенските води, а популарноста ја стекнала кога во 2015-та година победила во „Celebrity Big Brother“. Нејзиното богатство во 2012-та година го процениле за 45 милиони фунти.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.