Лепак кој го држи телото“ Дали знаеме колку е навистина важен колагенот?

Колагенот е најбогатиот протеин во телото. Неговата застапеност игра важна улога за здравјто на коските, мускулите, кожата, косата, ноктите па и срцето. Тој го составува сврзното ткиво околу зглобовите и ја одржува стабилноста на ткивата, поради што го нарекуваат и „лепак кој го држи телото“.
Колагенот е единствената белковина која ги содржи двете аминокиселини кои ги создава нашето тело, а тоа се глицин и пролин.
Како старееме, создавањето на колагенот во нашето тело се успорува. Постепената загуба на овој протеин започнува во доцните 20-ти или раните 30-ти години од животот. Најизразен симптом за намалено присуство на колаген е појавата на брчки. Освен годините и други фактори се причина за намаленото количество на колаген во нашето тело. Изложеноста на сонце, алкохолот и рафинираните шеќери го забрзувааат процесот на стареење и потребно е да се избегнуваат што е можно повеќе.


Поради овие факти, не сме изненадени што колагенот е омилена состојка за спречување на создавањето на брчки и висната кожа која е многу честа појава кај луѓето кои слабеат. Во последно време, колагенот станува омилен додаток и во исхраната, особено кај жените.
Колагенот е застапен во повеќе видови храна. Храната како извор на разни витамини, минерали и други нутритиенти е одличен избор, но не и доволен. Начинот на живот ни налага да консумираме дополнителн количество на нутритиенти со цел да ги задоволиме потребите на организмот. Добро одбран и квалитетен суплемент е правилен избор за да го надокнадиме загубеното количество колаген, односно да го надокнадиме недостатокот во нашето тело.
Други извори кои го поттикнуваат производството на колаген се: витамин А, витамин Ц, цинк, бакар, и железо.
Не секој колаген се произведува на ист начин. Бидејќи колагенот произлегува од продуктите од животинско потекло, важно е да оберете колаген од квалитетен извор.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.