Либански министер: Ќе бидеме во тешка позиција ако Хезболах продолжи да се коцка

Бројот на загинати во денешните напади на Израел во Либан се искачи на најмалку 492, соопшти либанското Министерство за здравство. Меѓу загинатите има 35 деца и 58 жени. Најмалку 1 645 лица се повредени.Либан ќе биде во многу тешка позиција ако Хезболах продолжи да се коцка во конфликтот со Израел, изјави министер од либанската влада за Скај њуз.Како што расте стравот од ескалација, министерот за економија Амин Салам, кој како член на либанската влада не ја претставува шиитската милитантна група Хезболах, поддржана од Иран, рече дека Либан е веќе „во центарот на бурата“ и дека се случува војна со потенцијално страшни последици.„Потребна е одлука, дали сакаме да го вовлечеме Либан во понатамошна ескалација и мизерија или сакаме да донесеме мудра одлука. Многу е јасно дека ако решиме или ако Хезболах одлучи да преземе голем ризик и да се коцка повеќе во оваа војна, ќе платиме многу висока цена што ќе го стави Либан во многу тешка позиција и ќе бидат потребни многу, многу години да се вратиме на старо“, предупреди Салам, веројатно мислејќи на натамошната ескалација на конфликтот.

Пронајдете не на следниве мрежи: