Либиската влада во вторникот, на меѓународната конференција во Париз, од меѓународната заедница побра „техничка поддршка“ во областа на безбедноста, особено за обезбедувањето на нејзината шест километри долга граница.„Потребна ни е технологија за контролата на нашите граници. Сакаме меѓународната заедница да ни помогне со формирањето на полициските и воени сили“, изјави либискиот министер за надворешни работи Мохамед Абделазиз.Истакнал дека Либија нестрпливо ја исчекува помошта од Европската унија, бидејќи проблемот на безбедноста на нејзините граници треба итно да биде решен. Повторно ја истекнал потребата за „техничка помош“ бидејќи неговата земја „го одбива присуството на странските сили на својата територија“.Шефот на француската дипломатија Лорен Фабиус изјавил дека „Либијците мора да можа да сметаат на меѓународната заедница“ Рекол и дека на конференцијата посветена на безбедносното прашање во Либија се усвоени „два плана за развој“, за националната безбедност во правна држава.Либискиот претставник на конференцијата од своја страна, пак, предупредил дека без безбедност, нема ниту инвестиции, развој и човекови права.Франција вети помош при обновување на пристаништата, воздухопловните и копмените либиски воени сили.На конференцијата во Париз учествувале министри претставници на САД, Германија, Данска, Обединетите арапски емирати, Шпанија, Италија, Велика Британија, Турција, Обединетите нации, Арапската лига, Унијата на Магреб и Советот за соработка на земјите во Персискиот залив.
МакфаксЛибиската влада во вторникот, на меѓународната конференција во Париз, од меѓународната заедница побра „тех