Англискиот великан Ливерпул веќе е во напредни преговори за трансфер на младата холандска ѕвезда Коди Гакпо од ПСВ Ајндховен, откако „црвените“ понудиле 37 милиони фунти, објави Фабрицио Романо и сега се во предност да го украдат напаѓачот пред нос на Манчестер јунајтед.
Гакпо се поврзуваше со Јунајтед уште пред стартот на СП, а посебно откако младата холандска ѕвезда блесна на СП и даде три гола во четирите меча, но додека „црвените ѓаволи“ размислуваат и покажуваат интерес, Ливерпул веќе стигна во напредна фаза на преговорите.
Според информациите и од Островот, раководството на Јунајтед дало зелено светло за реализација на трансверот, но во ПСЖ нема дојдено никаква конкретна понуда за разлика од таа на Ливерпул.