Мексиканската полиција ја уапсила Елба Естер Гордиљо, лидер на најголемиот синдикат на учители, осомничена дека проневерила околу 156 милиони долари, со што себеси си обезбедила луксузен живот, пластични операции и недвижен имот.
Како што пренесе CNN, Гордиљо, која повеќе од две децении го водеше синдикатот, уапсена е на аеродромот во Мексико Сити.
Со истрагата било утврдено дека проневерени се повеќе од 156 милиони долари од синдикалните фондови и префрлени се на приватни сметки во банки во странство.
Некои од приватните сметки се отворени на име на 68-годишната Гордиљо, која следбениците ја нарекоа Maestra, што во превод значи учителка.
Од 1989 година, од кога е на чело на учителскиот синдикат во латинска Америка кој брои 1,5 милиони членови, Гордиљо вложувала во себе и во недвижности.
За пластична операција дала 17.000 долари, а за куќа и зграда во Сан Диего во Калифорнија платила повеќе од два милиони долари.
Веста за апсењето на моќната и влијателна синдикална лидерка ги шокирала Мексиканците, затоа што многу ја ценеле.
Ревизијата покажала дека парите во последните четири години се исцицани од сметките на синдикатот на учителите и префрлени на приватни сметки во Лихтенштајн и во Швајцарија.
Макфакс
Мексиканската полиција ја уапсила Елба Естер Гордиљо, лидер на најголемиот синдикат на учители, осомничена дека пронев