Лидија Базарова (64) од Русија за малку ќе умрела на одмор во Турција кога ја нападнала џиновска желка!
Базарова била на само три метри од брегот кога џиновска желка тешка како крава ги зарила острите заби во нејзиниот задник.
Русинка на која и требаше болничко лекување по застрашувачкиот напад во одморалиштето Гузеолаба во Анталија, вели дека се плашела за својот живот.
Бев навистина блиску до брегот кога само се свртев на грб. Тогаш нешто ме фати за задникот. Беше навистина страшно. Голема желка се обидела да ја одвлече под вода. Удирав со рацете по водата и се давев. Суштеството ме пушти само за да ме зграпчи уште поцврсто. Не знам колку траеше – вели Лидија.
За среќа на Лидија, спасител забележал се и притрчал и почнал да ја удира желката.
Лидија се ослободи од огромниот стисок на морската желка и се упати кон брегот во состојба на длабок шок додека спасувачот продолжи да се бори со желката.
Побрзав кон брегот, не знам како е спасителот, но слушнав дека му е скршена раката. Се борев со мојата болка и страв – вели Лидија, која е од Екатеринбург.
Таа добила рани на задникот, колкот, нозете и прстите од остриот клун и моќната вилица. Тешко и беше удобно да седне по борбата со морската желка.
Не сум сигурна дека некогаш ќе можам да се вратам во морето – изјави Лидија за новинската агенција ИХА.
Спасувачот херој е Мустафа Сари, а информациите велат дека бил каснат за рамото.
Месојадната морска желка може да тежи колку една млечна крава.
Му благодариме на спасителот. Без него, резултатот можеби ќе беше лош. И порано имало слични случаи. Желката ги касна жената и мажот пред мајка ми. Сакаме да се издаде предупредување за оваа опасност. Страшно е што повеќе нема да одиме на море – изјавила ќерката на нападнатата жена, Камила.
Турскиот експерт професор Мехмет Гокоглу рече дека желките се склони да ги напаѓаат луѓето кои се наоѓаат во нивниот „животен простор“.
Има случаи на каснувања во плитки води – рече Гокоглу и изјави дека во последните две недели имало 11 одделни напади на желки.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.