Лизгање на земјиште во Албанија, оштетени 15 куќи

Најмалку 15 куќи се оштетени, од кои 11 имаат тешки оштетувања во масовното лизгање на земјиште во селото Нграце кај Малакастра, во Албанија.

Албанскиот министер за транспорт и врски, Сокол Олдаши изјави дека нема жртви во оваа природна непогода и ги повика другите жители на оштетените куќи да ги напуштат објектите.
„Настанот се случил во вторникот, а од големото лизгање на земјиштето дошло до голем потрес и во другите делови на селото.
Албанските власти соопштија дека се преземени сите потребни активности за евакуација на жителите кои имаат разурнати и оштетени куќи.
Makфакс
Најмалку 15 куќи се оштетени, од кои 11 имаат тешки оштетувања во масовното лизгање на земјишт

Пронајдете не на следниве мрежи: