Непознати лица на Халкидики испукале десетици куршуми, во 39-годишен бизнисмен кој бил сопственик на казиното во Македонија и го раниле неговиот 45-годишен пријател, пренесуваат грчките медиуми
Убиен е Охран Бајрами попознат под прекарот Оки , а повреден е Сеад Слезовиќ (1978), двајцата бизнисмени кои биле активни во Македонија со казина и фабрики за пијалоци, посочуваат грчките медиуми.
Се упатува на нарачано убиство бидејќи пред неколку месеци непознати лица го егзекутирале нивниот партнер, исто така од соседната земја.
Инцидентот се случил во областа Ханиоти на Халкидики кога, според очевидци, маскирани напаѓачи со поголема група упаднале во изнајмената хотелска соба каде што била жртвата и почнале да пукаат, испукувајќиу повеќе од 20 куршуми и исчезнале. Всушност, денеска напладне двајцата бизнисмени би се одјавувале од хотелот.
Набргу потоа непознато лице се јавило на 112 и пријавило дека некој бара помош. Кога екипажот на патролното возило пристигнал на лице место, констатирале дека двајцата веќе биле пренесени во Здравствениот дом Касандра Халкидики каде било констатирано дека бизнисменот е мртов, додека вториот маж е повреден.
Повредениот е згрижен во болница на Халкидики. Прелиминарна истрага врши Полициско одделение Полигирос.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.