Предметот „Рекет”, против обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева, денеска ќе продолжи со испрашување на четворица нови сведоци на Јавното обвинителство за организиран криминал. Водителката и блиска пријателка на Боки 13, Лила Филиповска, дојде да сведочи на за случајот „Рекет“.
Според најавата, за денеска се предвидени да сведочат и Сања Димовска, Агапи Дика и Весна Костовска.