Понекогаш и одморот е најдобриот подарок за душата, а Лила овој роденден не откри со кого го помина на море, но доста бурно и помина со роденденски честитки кои ја преплавија на социјалните мрежи.
Фотографија до фотографија со фановите, пријателите, саканите… кои и посакаа само зборови за секое добро.
Добриот изглед како и секој ден за Лила е задолжителен ама овој пат беше специјален – жежок и секси сочинет од црвено сако во цветен принт, мини здолниште споено со високи црвени чизми кои го имаа главниот стилски печат.
На фотографиите торта не видовме, туку хамбургери на роденденското мено. Дали апетитот толку и се „отвори“, па сите ги нарача за себе или пак имаше некое тајно друштво кое не се заситува лесно, остана мисретија.
Како и да е, на Лила и посакуваме уште многу родендени, здравје, насмевки и полно срце!