„Преубава жена на преубаво место“
Водителката Лила Филиповска плени со својата убавина и каде и да се појави секогаш е во центарот на вниманието.
Впрочем тоа беше така и овој пат кога со фотографиите од прекрасната Будва никого не остави рамнодушен.
Имено, нашата најпозната и најомилена водителка им покажа на пријателите и фановите како ужива во прошетката низ стариот дел на овој преубав град.
„Историja и многу легенди вткаени во овие симпатични сокачиња и ѕидини во стариот град на Будва“, напиша Лила под фотографиите со кои предизвика бројни позитивни коментари, од кои многу беа на сметка на нејзиниот фантастичен изглед.