На улиците на неодамна ослободениот украински град Лиман, кој преживеа со месеци под окупација, насекаде лежат докази за хаотичното и крваво руско повлекување и пораз.
Тие зад себе оставија не само опрема и лични предмети, туку и телата на нивните загинати соборци, кои украинските екипи ги собираа во последните три дена. Политичарите, аналитичарите и војниците кои учествуваа во битката за Лиман минатата недела укажуваат на важноста на овој град и железничките пруги кои минуваат низ него како „северна порта“ за регионот Луганск.
Но, вистинскиот удар беше нанесен на моралот на руските војници, чии фронтови претрпеа колапс и на истокот и на југот на земјата.
По истиснувањето на руските сили од Лиман, се чини дека украинската армија има нова цел – градовите Лисичанск и Северодонецк, кои се разделени со реката Северски Донецк, и Бахмут во Донбас, каде што Русите се уште се обидуваат да напредуваат. Повторното заземање на Лиман им даде на украинските сили упориште на северната страна на Север Донец.
Она што е јасно, како што пишува „Гардијан“, е дека украинската армија открила начин на борба што е далеку повешт и пофлексибилен од рускиот и брзо ги распоредува своите сили за да ги отсече, заокружи и уништува единиците дел по дел. А оние Руси кои останале да се борат, според весникот, загинале како резултат на гранатирање и ракетни истрели или биле убиени во шумите.
„Руските војници беа предадени од нивните претпоставени“
Додека Русите се потпираа на патиштата, Украинците им зададоа заседа од околните шуми, како што изјави за Гардијан украинскиот офицер Флегман, кој се бореше во овој сектор од почетокот на руската инвазија во февруари.
- Кога првпат дојдоа беа поголема сила со потешко оружје. Затоа, се повлековме на поповолни линии. Но, по украинските успеси во Харков и Изум во септември, нивните сили се повлекоа овде, иако навистина не се организираа. Тогаш нашите команданти видоа можност да ги погодат – изјави тој, додавајќи дека се обучувал како офицер во советската ера и дека некои руски офицери во областа имале исто училиште.
- Тие беа професионални, но беа изневерени од нивните претпоставени офицери. Знаеме дека побараа да се повлечат, но дека тие од горе не се грижат за нивните животи. На крајот беа презафатени со нивното незаконско припојување и прослави – посочи „Флегман“, додавајќи дека мисли дека наредбата за повлекување никогаш не дошла и дека „на крајот се организирале да избегаат и покрај повиците да се предадат“.
По битката, единствениот остаток од руските империјални амбиции останал графитот на ѕидот „Русија владее“, покрај натписите на градовите и регионите од кои дошле руските војници, наведува „Гардијан“, додавајќи дека „ ден потоа“ за малкуте жители остана во Лиман – мрак.
„За што беше сето ова?
Од 27.000 жители, главно железничари, останаа само неколку стотици кои сега се движат низ разурнатиот град со велосипед или пеш. Многумина од нив беа премногу стари и не можеа или не сакаа да побегнат кога започна војната. Меѓу нив е и 75-годишниот Виктор Сергиович.
- Се што сакаме е малку мир и шанса да си го организираме животот и да видиме обновен град. Само трет ден откако заминаа Русите. Борбата беше многу гласна, се сокрив во подрумот. Кога борбите стивнаа, излегов да го поправам прозорецот и потоа видов дека дојдоа украински војници – рече тој.
Неговата сограѓанка, 69-годишната Олена Григоровна, најмногу се плаши од доаѓањето на зимата во град без гас и во куќа без прозорци.
- Беше тешко под руската окупација. Не ми доаѓаше пензијата и добивавме помош за храна еднаш месечно. Руските војници не ги видовме многу, а кога ги видовме, речиси и да немаше никаков контакт – рече таа.
За време на битката за ослободување на Лиман, Олена се сокрила во својот подрум, а дека се е готово сфатила дури кога видела украински војници како креваат сино-жолто знаме на блиската зграда.
- Тогаш знаев дека се е готово – рече таа.
Но, можеби тоа важи само за борбите. Војната сè уште не е завршена, бидејќи далечните звуци на борбите од новите фронтови потсетуваат на жителите на Лиман.
- Сакам да знам за што се работи – прашува Олена.