Лимонтус – лек за бигор и ‘рѓа, замена за сода бикарбона и оцет

‘Рѓата и бигорот можат совршено да се отстранат со помош на една состојка што сите ја имаат дома, а станува збор за лимонтус.
Често се случува на дното на бокалот да се насобере бигор, кој е невозможно да се исчисти со обичен детергент. Затоа, сипете во бокалот литар ладна вода и загрејте го до вриење, а потоа во провиената вода истурете две кесички лимонтус.

Измешајте и оставете водата целосно да се олади, околу еден час. Потоа истурете ја водата, а бокалот измијте го.
За чистење на машината за перење садови во делот за таблетите сипете кесичка лимонтус и вклучете ја машината на стандардната програма за перење садови. Ќе бидете изненадени колку садовите ќе блескаат, а машината ќе биде чиста.
За и садоперот да блеска, направете го следново: посипете го со сода бикарбона, над неа истурете една кесичка лимонтус, а потоа исцедете половина лимон. Почекајте две минути, па со сунѓер лесно истријте. Потоа исчистете со вода.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.