Лицемерие на ВМРО-ДПМНЕ е тоа што нивните пратеници вадат пасоши со новото име, тврди Шилегов


„Лицемерието на ДПМНЕ се гледа во тоа што јавно лажно ронат солзи за проблемот којшто го имаат граѓаните со вадењето пасоши а од друга страна вадат пасоши со новото уставно име на државата, тоа е типичен пример на однесувањето на оваа партија“, изјави Петре Шилегов, екс-градоначалник на Скопје и член на ИО на СДСМ, во гостување во „Вин Вин“ на ТВ „Телма“.

Тој дури и наброја пратеници, по име и презиме:

„Јован Јаулевски, Тони Јаревски, Александар Велјановски, Мирче Аџиески, Александар Николовски, Драган Ковачки, Иванка Василевска, Миле Левков, Бојан Стојановски, Тони Јаревски, сите овие пратеници на ДПМНЕ извадиле дипломатски пасоши со новото уставно име на државата Република Северна Македонија. Во исто време кога лажно ронат солзи за граѓаните за себе и за своите членови на семејството обезбедуваат пасоши со новото уставно име Северна Македонија. ДПМНЕ ја злоупотребува маката на луѓето“, смета Шилегов.

Според него, најголемата опозициска партија постојано создава проблеми на сметка на државата и на општеството, за политички поени.

„Свесно определена политичка структура ја внесува државата во кризи и блокади и после врз основа на тоа се обидува да фати политички поени. Не велам дека немало пропусти или дека организацијата не можела да биде подобра. Но додека 600 илјади граѓани се соочуваат со проблем, оној пратеник што одеше да се слика на граници има извадено дипломатски пасош и ја злоупотребува ситуацијата и ги лаже граѓаните“, рече Шилегов.

„ДПМНЕ ги лаже граѓаните дека со измена на Закон ќе може да патуваат во земји, тоа не е коректно и е неодговорно кон граѓаните“, обвини тој.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: