Иако таа сè уште изгледа феноменална за својата возраст, актерката Мелани Грифит предизвикала негодување во јавноста со новите фотографии.
Мелани со години беше една од најубавите и најзгодни актерки во светот.
Познатата актерка отсекогаш сакала да го покажува своето тело. На 18 години, таа се сликаше за насловната на Плејбој целосно гола, а денес, на 61-годишна возраст, нема проблем да прошета низ градот во минијатурни тексас пантолончиња.
Сепак, Мелани е јавна личност и требаше да очекува дека како што јавноста некогаш ја фалеше, денес може да ја критикува.
Ботоксот можеби помогна да изгледа помладо во лицето, но нозете ја издадоа.
Младоликиот изглед е производ на долги години одржување со естетски корекции, а таа постојано се фалеше дека редовно вежба. Вели дека овие вежби даваат плод и поради тоа има такво тело како што има.
Сепак, редовното вежбање не може да го промени нејзиниот број во личната карта, како и нејзината возраст. Нејзината кожа воопшто не е затегната иако Мелани е слаба.
Затоа дојдоа и лошите коментари, а дел од нејзините фанови навистина беа остри.