Пожарот што вчера попладнето избувна на Скопска Црна Гора, кај местото викано Влаин гроб, во село Матејче, утринава е локализиран, соопшти Министерството за внатрешни работи. Со пожарот беше зафатена нискотеблеста шума и сува трева, а бил локализиран од екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово и ЈП “Македонски шуми“.
-На 18.03.2019 во 14:30 часот во Полициското одделение Матејче било пријавено дека на место викано „Влаин гроб“, атар на село Матејче, Скопска Црна Гора настанал пожар во кој горела нискотеблеста шума и сува трева. На 19.03.2019 во 08:00 часот пожарот бил локализиран од екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово и ЈП “Македонски шуми“, информираат од МВР.