Сушата во Западна Европа ќе влијае врз родот на компирите, а со тоа и на должината на помфритот, известуваат германските и швајцарските медиуми.
Компирите не растат повеќе поради сушата, па при натамошна обработка ќе бидат многу помали од она на кое сме навикнати. За обработка, односно за помфрит или чипс, неопходно е компирот да достигне големина од најмалку 7,5 сантиметри, пренесува Б92.
Можно е дека помфрит ќе биде пократок оваа година, рече претседателот на швајцарското Здружението на производители на компири, Руди Фишер.
Должината на помфритот е особено важна за рестораните за брза храна, првенствено за „Мекдоналдс“, бидејќи ако тие се пократки тогаш полошо се пакуваат во картоните што се предвидени за нив, објасни Фишер.
Конечната состојба ќе биде позната на крајот на август, но се укаќува на помал род оваа година.