ЛОШИТЕ СПОМЕНИ СЕ БРИШАТ СО АКТИВЕН ТРУД И СОЗДАВАЊЕ НОВИ СПОМЕНИ

Како да заборавиме? Емотивно силните спомени е тешко да се потиснат, но ако активно се трудиме да заборавиме веднаш после случката, големи се шансите за успех.  

Лошите сеќавања не се дел само од нашата свест туку оставаат траг и во нашата потсвест, а новото истражување на Универзитетот Кембриџ покажува дека обидот да се заборави немилата случка може да го избрише тој потсвесен траг.

Во тестирањето биле вклучени доброволци на кои им биле покажувани фотографии и видео снимки за да видат дали луѓето се способни, со одредени техники, да го заборават она што го виделе. Потоа ги замолиле некои слики да ги заборават а други не.

– Додека нешто пробуваме да го заборавиме всушност ги блокираме деловите од мозокот вклучени во посматрањето на тој предмет, како би го спречиле тој да се појавува во свесното размислување. Со снимање на мозокот докажавме дека е можно да се заборават предметите – објаснил водачот на студијата Мајкл Андерсон.

Тој додава дека техниките на заборавање делуваат подобро ако ги примениме што поскоро после настанот што сакаме да го зборавиме. Големите трауми и долготрајни сеќавања е потешко, но не и невозможно да се заборават.

Најчести техники на заборавање

1. Изолирање и „убивање” на сеќавањата

Заборавање на сеќавања кои предизвикуваат тага, како прекин на долгогодишна љубовна врска, можно е ако при секое присетување се користи несакана бучава или намерно создавање непријатни слики во главата. Хаотични, тешки и напорни слики како и бучава треба да се практикуваат при секое сеќавање на немилиот настан и тоа да се повторува. После некое време, мозокот ќе се умори од напорниот стимул и ќе се насочи кон нешто друго.

2. Одвлекување на внимание

Зафатеноста е еден од најделотворните начини за заборавање бидејќи несаканите сеќавања секогаш навираат во моментите на досада. При секое присетување треба веднаш да се почне некоја работа, било да е читање книга, гледање филм, вежбање или телефонирање. Во процесот на отстранување на „иницијаторот” на сеќавањата помагаат фотографии облека или други работи поврзани со сеќавањето. Ако сеќавањето го разбудува некоја музика треба ведаш да се исклучи и слично да се постапи со сите рабоити кои го иницираат сеќавањето

3.Замена на старите спомени со нови

Исполнување на мозокот со нови позитивни стимуланси е еден од начините за заборавање на болните спомени и создавање нови. На пример:

  • Ако сакате да го заборавите патувањето во Рим, при секое припомнување на истото, почнете да планирате нови патувања, но со други луѓе и околности кои немаат врска со негативното сеќавање.
  • Ако парфемот на вашиот поранешен дечко е уште „жив” во вашето сеќавање, отидете во парфимерија и помирисајте што повеќе различни парфеми, како би го „затрупале” мозокот со нови  информации.
  • Запознавајте нови луѓе и нови работи за да што повеќе се фокусирате на сегашноста. Пример, наместо некогашното планинарење запишете се на часови по танцување.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.