Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ не сакаше да именува фаворит за првиот дуел на тимот од Мундијалот 2018 против Нигерија. Средбата е од 21:00 часот денеска во Калининград. – Ги знаеме силните страни на Нигерија. Во моментов тие се најдобриот африкански тим, имаат многу брзи фудбалери. Во овој натпревар нема фаворит. Шансите се 50:50, иако н? сметаат за фаворит. Ние не обрнуваме внимание на тоа, рече Модриќ пред денешниот дуел.
Полудефанзивецот на Реал Мадрид проговори и за големите очекувања кои ги има кон нив и дека тоа не претставува товар за репрезентацијата. – Сите мислат дека за нашата генерација ова е последна шанса да освоиме нешто. Тоа не е товар за нас и воопшто не е толку важно дали е последна шанса. Имаме одлична генерација фудбалери кои играат во големи клубови. И не само што играат, туку се меѓу најдобрите. Јасно е дека се очекува многу од нас, но ние очекуваме уште повеќе од самите себе, додаде тој.