Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави во четвртокот вечерта дека нема да испрати своја војска на територијата на Украина бидејќи тоа нема да реши ништо, пренесе Спутник.
Лукашенко им рече на белоруските новинари дека нема да ја внесе својата војска во Украина бидејќи нема потреба од тоа. Тој истакна дека во моментов може да активира од 35.000 до 40.000 војници на тој простор, но дека тоа нема да го реши проблемот, пренесува Јутарњи лист.
Тој исто така рече дека САД не сакаат мировни преговори за ситуацијата во Украина и дека Американците се плашат само од нуклеарен конфликт.
Според него, САД владеат со Полска и се плашат само од нуклеарно оружје.
Тој нагласи и дека треба разумно да се преговара, односно да се разговара за постигнување мир.
Тој претходно посочи дека раководството на Украина треба да преземе чекори за ставање крај на војната, доколку не сака уништување на земјата и смрт на огромен број луѓе.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.