Реакциите околу песната на Луна Џогани не запираат. Освен што ја нападнаа дека ја копира Анастасија Ражнатовиќ, многумина тврдат и дека Луна воопшто не ни пее во песната „Деветти круг“.
Еден од коментарите бил „Ова не е нејзиниот глас“. Уште пред премиерата на песната, во емисијата „Задруга: Народот прашува“, Лепи Миќа открил дека песната звучи како да ја пее Антониа Гиговска и дека Анабела најверојатно сака да направи ѕвезда од ќерка си како и од себе, само со отворање уста.
По овој повод се огласила и самата Антониа преку својот Инстаграм профил и апликацијата „Стори“. Таа прво го отпеала рефренот, а потоа прати јасна порака до обожавателите.
„Го испеав рефренот за да видите дека не пејам јас, туку Луна, тоа е нејзин глас и нејзина песна. Би сакала да ѝ честитате за тоа што го направи. Песната е супер, но коментарите дека ја пејам јас се излишни. Јас ги пејам пратечките вокали и драго ми е што баш јас го направив тоа. Не ја напаѓајте Луна, бидејќи тоа не е точно“, јасна е Антониа.