Младата пејачка и победничка на едно реално шоу Луна Џогани се породи на 15 јуни годинава, а од тогаш вредно работеше на тоа да си го врати своето старо тело по породувањето.
Имено таа сега на својот Инстаграм профил објави фотографија на која позира пред огледало, а акцентот беше ставен на нејзиниот изглед.
Луна на себе имаше краток шорц и кратка маица, а го покажа и рамниот стомак само два месеци по породувањето.
Таа веднаш започна да добива само позитивни коментари, но и тоа дека си ја вратила линијата од пред породувањето.