Германската авиокомпанија „Луфтханза“ наскоро во своите летови ќе нуди четири различни класи, покрај првата, бизнисмените ќе можат да избираат меѓу две економски класи.Досегашната економска класа во авионите ќе стане четврта, најниска, а Луфтханза воведува трета класа која ќе се вика „Премиум економи“. Новата категоризација ќе се воведе од 2014 година.„Сега ќе воведеме и четврта класа, бидејќи тоа го сакаат нашите патници“, изјави за „Зидојче Цајтунг“ претседателот на управата на германскиот авиопревозник Кристоф Франц.Тој додаде дека патниците во иднина ќе одлучуваат дали во предвид ќе ја земаат само цената, или и комфорот.Во пролет 2014 година „Луфтханза“ ќе ги претстави новите седишта во своите авиони и тогаш ќе започне прилагодувањето на авионите според новиот распоред на класите. Цените на третата „премиум економска“ класа би требало да бидат поблиски до економската, отколку на бизнис класата.
МакфаксГерманската авиокомпанија „Луфтханза“ наскоро во своите летови ќе нуди четири различни класи, покрај прват