Луфтханза ќе добие 9 милијарди евра помош од германската Влада
Германската Влада ќе ја помогне националната авиокомпанија „Луфтханза“ со околу девет милијарди евра.
„Бизнис инсајдер“ објавија а се повикуваат на извори од компанијата, Германија со тие пари ќе добие и малцински пакет во компанијата со право на блокирање одлуки. Државата ќе добие и два мандата во надзорниот одбор на компанијата.
На тоа се договориле претставници на Владата и на „Луфтханза“ синоќа. Првиот човек на „Луфтханза“, министерот за финансии и канцеларката Меркел тој договор требало само формално да го потврдат.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.