Луѓето сѐ помалку имаат секс

Со оглед на сѐ што се случува околу нас, никогаш немало подобро време за секс, колку и да звучи тоа откачено.
Истражувањата сепак покажуваат дека тинејџерите во развиените земји имаат помалку секс. Поточно, бројот на средношколци кои се впуштиле во сексуални односи од 1991 до 2017 година опаднал од 54 на 40% (во САД), а пад бил забележан и во Финска, Норвешка, Шведска, Холандија и во Јапонија.
И додека на опаѓањето на бројот на случаи на непланирана бременост кај младите се гледа како на позитивен тренд, многу експерти се прашуваат дали ова воздржување од сексуални односи е нешто што ќе се пролонгира и ќе биде проблем по тинејџерските години.


Дури и возрасните помалку се сексаат во споредба со генерациите пред нив. И додека поединци тоа тешко може да го забележат, генерално гледано, луѓето помалку имаат секс.
Дел од истражувачите сметаат дека овие истражувања не се многу релевантни, но антропологот Хелен Фишер која соработува со страницата Match.com и гледа од прва рака каква е ситуацијата „на терен“, тврди дека нејзините истражувања покажуваат тренд на опаѓање на сексуалната активност.
Врските и браковите се „аут“
Таа смета дека намалената сексуална активност се должи на фактот дека сѐ помалку млади луѓе влегуваат во врски, а во изминатите 25 години значително е опаднат бројот на бракови. Повеќе од 65% од младите под 35 години живеат без партнер или брачен другар. Едно од три млади лица живеат со родителите, а тоа дефинитивно не е добро за сексуалниот живот на поединецот. Но, сето тоа не објаснува зошто младите луѓе одбегнуваат врски во кои, според истражувањата, има повеќе секс отколку кога луѓето се сингл.


Има многу теории, од финансиски проблеми што предизвикуваат елементарни тешкотии, преку порнографијата што полека, но сигурно ја убива желбата за вистински секс, па сѐ до претераното користење на смартфони и недоволното спиење. Но, ова се само теории.
Некои експерти имаат далеку поинтересни и посложени објаснувања.
На пример, бројот на случаи на сексуално злоставување во детството значително опаднал во изминативе неколку децении, а токму тоа може да придонесе за зголемено промискуитетно однесување. Исто така, притисокот да се има секс не е како што бил порано, благодарение на зголемената свест за различни сексуални ориентации што вклучуваат и асексуалност. Исто така, на некои луѓе љубовта и сексот не им се приоритет, туку се фокусирани на учењето или кариерата, или пак многу подобро знаат што бараат од партнерот со кој сакаат да го поминат остатокот од животот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.