Луѓето што живеат во хаос се покреативни и пофлексибилни

Чистењето е познато по позитивните ефекти на нашето здравје. На пример, тоа може да помогне да се ослободите од стресот и може да биде сметано како физичка активност. Но, изгледа дека и нередот има своја низа придобивки. И тоа може да има позитивни ефекти на вашата личност. Токму затоа и решивме да ви објасниме зошто понекогаш е корисно да заборавите да чистењето и едноставно да уживате во хаосот.
Растурената соба им помага на луѓето да се оттргнат од социјалните норми и да се релаксираат. Според една студија од 2013 година, луѓето се способни да смислат повеќе креативни идеи кога се во нечиста соба. Тие се подготвени да пробаат нови работи и се отворени за иновација.


Невозможно е да одржувате ред секоја секунда од денот и луѓето кои се инспирирани да го направат ова можат да доживеат нешто што се нарекува компулсивно средување. Оние кои посветуваат помалку време и внимание на чистењето можат да бидат порелаксирани и не се поттикнати на вознемирување кога ќе видат мал неред на подот.
Оние кои не се фокусирани на чистотата заштедуваат повеќе време. Во потрага по организација и неверојатен ред, луѓето поминуваат многу часови и вложуваат многу труд за да стават сè на своето место така што го чистат секое ќоше. Нередот им помага на луѓето да посветат повеќе време и енергија за нешто за што се навистина заинтересирани.
На луѓето им е полесно да го најдат тоа што им треба во неред. Нештата што им требаат им се секогаш на дофат, а не скриени во некоја далечна полица. Неуредната маса може да биде вознемирувачка, но личноста што е навикната на неа знае точно каде се работите. И тие се сигурни дека ќе го најдат токму тоа што им треба таму.
Луѓето кои се обидуваат да организираат сè се помалку подготвени за неочекуваните нешта. И нашиот живот е полн со нив, па затоа и хаосот постојано се враќа. Токму затоа и оние што преферираат неред се во подобар баланс кога нештата нема да одат според планот.
Секако ова не значи дека треба целосно да се откажете од чистењето и да се затворите во растурен простор. Ние само сугерираме дека кога ќе дојде време за чистење, дозволете си себеси да поседите малку во растурена просторија. Барем повремено.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.