Вршителот на должноста претседател на Венецуела, Николас Мадуро изјави атентат врз претседателскиот кандидат Енрике Каприљес подготвувала „екстремната десница во САД“, пренесува Reuters.Претходно во средата шефот на предизборната кампања на Енрике Каприљес, Енри Фалкон изјави дека поседува докази за подготовка за атентат врз Каприљес. Според него, со убиството требало да се спречи лидерот на венецуелската опозиција да ја предаде својата кандидатура во Националната изборна комисија за учество на претседателските избори кои ќе се одржат на 14-ти април. Поради тоа Каприљес не ја предал самиот својата кандидатура, туку во изборната комисија тоа го стори негов овластен претставник.Според Мадуро, зад организацијата на атентатот стојат претставници на „ултрадесничарските сили“ поврзани со функионери од администрацијата на поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш. Притоа, привремениот венецуелски претседател не објасни со каква цел ултраденичарите имале намера да го елиминираат кандидатот на венецуелската опозиција.Претседателот на Венецуела, Уго Чавез, почина на 5-ти. Во декември, тој го именуваше како негов можен наследник на изборите заменик-претседателот Николас Мадуро.Венецуелската опозиција ја номинираше кандидатурата на Енрике Каприљес, 40-годишниот адвокат и гувернер на сојузната држава Миранда, втората по бројот на население и најбогата федеративна единица на Венецуела, од опозициската коалиција Демократско единство.Енрике Капиљес загуби од Чавез на претседателските избори во октомври 2012 година, меѓутоа со освоените 44 отсто од гласовите најмногу му се приближи од сите противкандидати на сите избори на коишто учествуваше Чавез.
МакфаксВршителот на должноста претседател на Венецуела, Николас Мадуро изјави атентат врз претседателскиот кандидат Енр