Претседателот на Венецуела, Уго Чавез, кој се лечи од рак во Каракас, продолжува да се бори за живот, изјави во четврток заменикот претседател, Николас Мадуро.
„Нашиот командант е болен затоа што цел живот го посвети на оние кои немаат ништо”, изјавил Мадуро, признавајќи дека Чавез се бори за здравје, живот, а дека тие го следат.
„Знаете ли зошто го запостави своето здравје? Затоа што во целост се посвети, со душа и тело, заборавајќи на обврските кон себе, на задачата на народот да му обезбеди татковина, на оние кои немаат работа, живот, стан, здравје, храна и образование. Тоа е вистината”, вели заменикот претседател, наследник на функцијата според претседателската одредба, на официјалната тв станица VTV.
Претседателот Чавез е опериран од рак четири пати од 2011 година наваму.
На Куба помина повеќе од два месеца, а потоа одненадеж, најави враќање во Каракас пред десет дена.
Во моментот се лечи во воена болница во Каракас.
Оттогаш на профилот на Twitter, каде објави дека ќе се врати, не е објавено ништо, а не е објавена ниту една негова фотографија, што ги поттикна сомнежите дека можеби е мртов.
Макфакс
Претседателот на Венецуела, Уго Чавез, кој се лечи од рак во Каракас, продолжува да се бори за живот, изјави во четврт