Маж удира со глава во таванот на авионот: Вознемирувачка снимка се појави од авионот во кој загина патник (видео)

Сингапур ерлајнс го објави денешниот инцидент, кога авионот со 211 патници доживеал силни турбуленции и принудно слетал во Тајланд, а објавил дека 73-годишен маж од Велика Британија починал на летот и изјавил дека причината најверојатно е срцев напад.Во овој инцидент беа повредени повеќе од 20 луѓе, а сега се појавија и видео снимки од леталото за време на турбуленциите.На социјалната мрежа Х, се појави видео на кое се гледа како се тресе во авионот, а неколку секунди подоцна авионот буквално „пропаѓа“ што резултира со паѓање храна и работи од кабината.Во тој момент еден човек од силината на турбуленциите буквално ја удира главата во таванот.
Londra’ya giden Singapur Havayolları’na ait uçağın türbülansa girmesi sonucu 1 yolcu öldü, 30 yolcu ise yaralandı. pic.twitter.com/1rDoNmbYfd— İstiklal Gazetesi (@gazeteistiklal) May 21, 2024
Еден од патниците рече дека авионот доживеал „драматичен пад“, што значи дека луѓето кои не носеле појаси „летале кон таванот“.Сликите објавени на социјалните мрежи покажуваат оштетување на таванот на кабината, како и храна, прибор за јадење и други остатоци расфрлани по подот по инцидентот.„Летот SK321 на Сингапур ерлајнс, кој патуваше од Лондон Хитроу за Сингапур на 20 мај, наиде на тешки турбуленции на пат. Можеме да потврдиме дека има повредени и една жртва во авионот. Сингапур ерлајнс изразува најдлабоко сочувство до семејството на починатиот. Нашиот приоритет е да им обезбедиме секаква можна помош на сите патници и членови на екипажот во авионот.

Пронајдете не на следниве мрежи: