Мажите кои имаат брада треба да го знаат овој загрижувачки факт
Анализите покажале дека многу повеќе бактерии има во брадата на мажите во споредба со крзното на кучињата.
Тестирањето покажало дека во брадите кај мажите има поголем процент на микроби, а исто така висок процент е најден кај 23 од 30 кучиња кои биле вклучени во истражувањето.
Дури кај седум мажи биле пронајдени бактерии кои претставуваат закана за здравјето на човекот. Испитувањата биле спроведени на Одделението за радиологија на една европска болница која секоја година прави по околу 8.000 магнетни резонанци кај луѓето.
Истражувањето било спроведено со цел не да ги натера мажите да се бричат, туку да ги предупреди болниците дека пациентите оставаат далеку повеќе потенцијално заразни бактерии на разните болнички површини, како и тоа дека стерилизацијата и дезинфекцијата не се доволни да го решат овој проблем.