Токму сексапилот е нешто за што повеќето мажи се согласуваат кога коментираат некоја жена, а на најголем дел од жените тоа многу им одговара.
Но, кога сè ќе се собере, женската сексуалност често е поврзана и со некои по малку несекојдневни работи, кои на прв поглед можеби не се толку секси, но сепак неверојатно ги возбудуваат мажите.
Секој припадник на посилниот пол има специфичен „список“ на карактеристики кои сака да ги види или почувствува од жената, но, од друга страна, тука се и универзалните ситници кои мажите ги забележуваат кај жените.
Значи, кога би можеле да издвоите седум карактеристики поради кои жените се фантастични и поради кои мажите „губат глава“, а не се сензуални движења, полни усни и раскошни деколтеа, тоа би биле следниве:
1. Начинот на кој оди
2. Начинот на кој гледа во мажот
3. Самодовербата која ја има додека го прави она што го сака и што ја исполнува
4. Тоа што има страст и енергија
6. Тоа што ја „подгрева“ желбата на мажот да биде подобар и да напредува
7. Начинот на кој слуша