Донекаде е вообичаено мажот да е постар од жената во емотивна врска, но сè почесто сме сведоци дека тоа не мора да биде така. Сè почесто мажите, особено помладите, влегуваат во врски со жени кои се неколку години постари од нив.
- АХВ: Водата во Скопје е безбедна за пиење
- Обвинение за убиство за 33-годишник од Штип
- Еве колку заработува Мараја Кери секоја година од „All I Want For Christmas Is You“: Сумата ќе ве шокира (Видео)
- Проститутка со денови лежела мртва во хотелска соба! Туристката која била со неа била шокирана од глетката, а потоа клопкото почнало да се расплетува…
- Кривична и домашен притвор за скопјанец кој се борел на руска страна на фронтот во Украина
- Оваа недела е полна со лоши астролошки случувања: Започнува стресно, завршува со здравствени проблеми
- Зеленски предизвикува штета, тоа е недозволиво – рече Фицо по средбата со Путин
- Јокиќ 21 минута беше без поен, па се разбуди и дојде до нов трипл-дабл
- Фетаи со иронија за Груби и најава: По посетата на Косово сам ќе се предаде во Шутка! – По него ќе уследат и други апсења!
Зошто се промени, зошто се случуваат овие работи? Беше направено истражување, мажите беа прашани за тоа и еве што рекоа, пренесува „Think a loud”.
- Знаат што сакаат во животот
– Постарите жени поминале многу во животот и точно знаат што сакаат. Тие имаат пробано сè и како резултат на тоа, сега знаат што сакаат во животот. Не очекувам мојата сегашна партнерка (Ејми, 49) ненадејно да ми се јави и да ми каже дека се сели на другиот крај на светот затоа што нашла работа што би можела да и’ се допадне. Ова време помина за постарите жени. Тие се многу сигурни во тоа што им се допаѓа и не ги менуваат своите одлуки и вкусови. А што е најважно, немаат потреба да менуваат партнери – рекол Кенет (32). - Тие се искусни
– Постарите жени се полни со искуство во секој аспект од животот, од емотивни односи до работа. Имаат многу да ве научат, па затоа е многу полесно да поминете низ животот држејќи ги за рака. Нивното присуство може само да ни користи затоа што се помудри од помладите девојки. Знаат дека здравите врски се за комуникација и компромиси – и тоа ви го даваат – вели Луис (27). - Не им треба постојано внимание
– Постарите жени не се бебиња кои плачат затоа што им треба постојано внимание. Тие имаат свој живот и не очекуваат да им се јавите среде напорен ден. На крајот на краиштата, не им треба да објаснувате зошто не сте одговориле на порака во рок од еден час, како што тоа обично го прават помладите жени. Поентата е во тоа што тие водат живот каде што ја знаат својата вредност и не се грижат премногу за тоа дека сте постојано наоколу. Тоа е главната причина поради која се заљубив во Кирстен (47) – вели Мат (25).
Advertisement - Тие се самоуверени и независни
– Никогаш нема да ги слушнете како се понижуваат и зборуваат негативно за себе. Според моето искуство, кога ќе забележат некоја мана, почнуваат да работат за да ја поправат и тоа е она што најмногу ми се допаѓа кај нив. Тие се многу независни и не им требате вие за да им го градите животот. Тие веќе знаат како да се грижат за себе. Ова се некои од главните причини зошто постарите жени ми се толку привлечни, особено мојата Руби (48) – вели Дарнел (26).