45-годишна жена почина од грип, додека седум пациенти се во болнички кревети. Кај пет од нив е потврдена заразата, а за двајца се уште се чекаат резултати од клиничките испитувања.
Ваков е најновиот биланс на здравствените власти за оваа сезонска болест. Во меѓувреме, расте бројот на новозаразени.
- Приведено лице барано со потерницаМинистерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден бил приведен 30 годишник од Прилеп,- прочитај повеќе
- Безалкохолното пиво станува се попопуларно, дури и на ОктоберфестПивото без алкохол станува сè попопуларно во последниве години, бидејќи потрошувачката на пиво опаѓа. Тобијас Золо, главен- прочитај повеќе
- Еве дали кафето со млеко има негативни или позитивни ефекти врз нашето здравјеПостојат многу истражувања за тоа дали млекото во кафето има негативни или позитивни ефекти врз нашето здравје.- прочитај повеќе
- Германија ја зголемува цената на јавниот превозЦената на популарната карта, воведена минатата година, која им овозможува на луѓето да користат локални и регионални- прочитај повеќе
- Партијата на Шолц СПД уверува: Неговата кандидатура за нов мандат не е под знак прашањеРаководството на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), партијата на канцеларот Олаф Шолц, денеска негираше дека е во- прочитај повеќе
Доктор Стевановиќ од Клиниката за инфективни болести појаснува дека жената која починала имала и други здравствени проблеми, но и не била вакцинирана. Релативно младата почината жена е шестиот пациент во последните недели, кој влезе во „црните статистики“.
Пикот се уште не е достигнат и допрва ќе следи, предупредуваат епидемиолозите. Стручните лица од Комисијата за заразни болести денес се состанаа, но не донесоа никакви мерки туку само препораки.
Идната недела започнува второто полугодие и не треба да стравуваме од одложување, дециден е претседателот на Комисијата за заразни болести.
Во меѓувреме, извештаите на Институтот за јавно здравје информираат и за другите заразни болести присутни во моментов. Засега има само два случаи на голема кашлица.
Вакцината е клучна за најмалите – посебно за оние до две години. Ќе се прегледуваат и здравствените картони на децата. Невакцинираните ќе бидат повикани на вакцинација. Досега против сезонски грип се вакцнирани повеќе од 60.000 лица. Повеќе од 80% од децата се имунизирани против голема кашлица, објави Телма.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.