Македонската ракометна репрезентација ги дозна противниците за втората фаза на СП 2023 во Полска и Шведска, но претстојат уште пеколни 60 минути задутре против Аргентина (18 часот) од кои треба да излеземе како победници за воопшто да размислуваме за натпреварите со овие ривали.
Вечерашната победа на Катар над Алжир (29-24) значи дека од групата која „вкрстува“ со нашата понатаму ќе се пласираат Германија, Србија и катарските ракометари. Таму ќе се најдат уште и Норвешка и Холандија, кои веќе се во следниот круг од групата во која играат жолто-црвените.
Единствена непознаница е само колку бодови ќе пренесат петте веќе пласирани репрезентации, но за нас најважно, дали во ова друштво ќе се најде и Македонија, за што ни е потреба исклучиво само победа во пресметката со светскиот шампион, ама за наша среќа во фудбал, а не во ракомет.