Македонија има најниска просечна плата во регионот

Словенците заработуваат најмногу, а Македонците најмалку во регионот. Највисока просечна плата во регионот имаат работниците во Словенија, а најниска во Босна и Херцеговина и Македонија, се наведува во анализата на агенцијата Анадолија.

Според последните податоци, просечната плата исплатена за јуни во Словенија е 1.501,97 евра, во Хрватска 1.315 евра, во Црна Гора 838 евра, во Босна и Херцеговина 702,51 евра (1.374 конвертибилни марки), а во Македонија 680,70 евра (41.93 денари). Просечната плата исплатена во мај во Србија изнесувала 855,82 евра или 100.170 динари. И во однос на минималните плати, Македонците се меѓу оние со најслаби плати во регионот. Со години состојбата е иста. 

Пронајдете не на следниве мрежи: