Македонија нема да добие одлука за датум за преговори во јуни, преговорите ќе траат околу 8-10 години

Преку Фејсбук пратеникот Антонио Милошоски во живо се обрати до јавноста од парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур. Според Милошоски, Македонија нема да добие одлука за датум за преговори во јуни, а преговорите за членство во ЕУ, доколку не се појават проблеми или блокади во нивниот тек, би траеле околу 8-10 години.
– Македонија за жал нема да добие одлука за датум за преговори во јуни, селективната правда и немањето реформи во администрацијата се само дел од причините.
– Доколку има подобра имплементација на законите, и фер и демократски претседателски избори, тогаш може да се надеваме преговорите со ЕУ да почнат 2020 година, за време на хрватското претседателство.
– Преговорите за членство во ЕУ, доколку не се појават проблеми или блокади во нивниот тек, би траеле околу 8-10 години.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK